Денес ја пишувам најболната поема на светот,
посветена на тебе. Можеби еден ден некаде ќе ја чуеш, ако допре до твоите раце ќе ја прочиташ, можеби ќе ја прочуеш. Во неа себе си ќе се пронајдеш, помеѓу моите болки и вресоци, помеѓу моите извици и несоници. Во неа ќе ги дознаеш сите зборови кои никогаш не ги искажав, ама барем јас тебе не те излажав. Во неа под клуч, ја оставам својата душа, во неа ти оставам три кушруми кришум дадени, од моето срце извадени и едно жарче што ме печеше вгради и ми предизвикуваше панични напади. Во оваа поема јас сум тајна без поредок, книга без почеток, игла без бодеж, во твоето око светнат копнеж. Ако оваа поема ти предизвика срцева болка, повикај ме, од тебе болката ќе ја испијам, и од се ќе се откажам, се пустош ќе оставам. Љубов ќе ти дадам, болка да ти украдам, и погрешни ѕвезди ќе засакам само тебе да те спасам. Можеби и сакав само недоволно или пак избрав погрешно? Кажи ми сега каде да се пазарам за секое парче душа? За да те спасам тебе, да не ми останеш без душа за во сите ноќи да ми бидеш ветрец, на мојата мртва душа да оставиш венец. Ти верував, ме лажеше.
|
Автор: Викторија СтојовскаОдгледувам цвеќиња со помош на солзи! АрхивиКатегории
|